Механизам за лулање на креветче транформер 6во1 за модел SMART
Состав и опис на производот: Механизамот за лулање на креветче е изработен од буково дрво. Додатоците се пластични. Бојата која се користи за боење на дрвото е хипоалергена, на водена основа, полусјајна, нетоксична и безбедна за бебиња. Механизамот се прицврстува во долна зона на креветчето, што овозможува само со еден потег да го лулате креветот и истиот се лула по инерција одредено време. Овој модел овозможува лулање попречно.
* При употреба на механизамот во трансформација 100x70cm може да се користат и тркалцата кои се прицврстуваат на механизамот. Во трансформација 140х70cm трансформација не се користи!