Ценети потрошувачи,
Правилата на испорака појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.
Испораката на Вашите нарачки се врши преку нашите дистрибутивни партнери и истата се врши до секое населено место во Република Македонија.
Доставата на производот се врши во рок од 1 до 7 работни денови (од нарачката), секој работен ден вклучително и сабота, а производот ќе биде доставен до базата на нашите дистрибутивни партнери или до врата, во зависност од договорот со Вас. Доставата не се врши само во недела и во денови кои се прогласени за неработни (државни и верски празници).
Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со испратница и фактура за извршеното плаќање.
Секоја ваша нарачка пред да биде испорачана е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата. Нарачателот е должен да го провери производот веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави кај дистрибутивниот партнер.
Сите пратки се осигурени од губење и оштетување при испорака согласно законот за поштенски услуги. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок од истата како потврда за реализираното преземање.
Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не нa е- пошта: info@omnibaby.mk