Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на користење и продажба на www.omnibaby.mk
Со пристапувањето и користењето на овој сајт, www.omnibaby.mk , Вие се согласувате да постапувате во согласност со наведените одредби. ОМНИ ГРУП ДООЕЛ ЕДБ:МК4038020516145, го задржува правото да ги промени наведените услови, посети и користења на сајтот, а по промената на условите, тие се сметаат за прифатени.
Целата содржина на www.omnibaby.mk (во понатамошниот текст “сајт”) , oсвен ако е поинаку назначено на друго место на овој сајт, може да се прегледува, копира, принта или превзема исклучиво за лична, некомерцијална употреба и за информативни цели, под услов сите назнаки за авторските или другите сопственички права на информациите кои се содржани во оригиналниот документ да ги задржите во сите копии. Не можете да ја менувате содржината на овој сајт ни на било кој начин, ниту репродуцирате или јавно да го прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на друг начин да го користите за јавни и комерцијални цели. Не земајќи го во предвид предходно наведеното, било кој софтвер или друг материјал достапен за преземање или користење преку овој сајт кој поседува сопствени услови на користење или лиценцирања се наоѓаат од заштита на тие услови.
Доколку прекршите било кој од овие Услови, Вашата дозвола за користење на сајтот ќе ви биде повлечена и ќе бидете обврзани веднаш да ја уништите целата содржина која сте ја преземале или отпечатиле. Освен ако е експлицитно поинаку назначено овде или на некоја друга страницa на овој сајт, ништо овде содржано, дали експлицитно, премолчено, отстапување или на друг начин, Вам не ви дава право да користите било кој дел од интелектуалната сопственост која сте ја пронашле на сајтот.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ го задржува правото да собира одредени лични податоци при пребарувањето на одредени интернет страници на овој сајт, да би ги исполниле Вашите барања или потреби. Секое прибирање на такви информации на овие страници ќе биде спроведено во склад со приватноста содржан на овие интернет страници, како и со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка.
Веб сајтот се користи со цел претставување и продажба на производи, најава за активности и нудење услуги на корисниците. Линковите содржани на сајтот кои водат до независни сајтови не се под контрола на ОМНИ ГРУП ДООЕЛ, и не одговараме за нивните содржини. Ако се прикажани, прикажани се поради корисност за корисниците.
Содржината ја сочинуваат исклучиво информации од општа природа, кои не се наменети за решавање на специфични ситуации или за некоe конкретно лице или идентитет, и кои не претставуваат професионален совет.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ, не дава гаранција за точност, применливост, сигурност и комплетност на содржината на овој сајт, како и гаранција на непрекинато работење, правовременост, безбедност или одсуство на грешки. ОМНИ ГРУП ДООЕЛ, може да ја смени содржината на овој сајт или производите и цените наведени на сајтот без претходна најава.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ, неговите добавувачи или трети лица спомнати на овој сајт ниту во еден случај нема да бидат одговорни за било каква штета (вклучувајќи, но не и исклучиво, директна, индиректна, случајна, последична, посебна штета, или таква која се создава при губење на профилот, губење на податоците или прекин на работниот процес која се создава како последица на употребата, одложувањето или немоќноста за употреба, или резултатот на употребата на овој сајт, сајтови на кои водат линкови од овој сајт или содржината објавена овде или на други спомнати сајтови, без разлика дали е заснована на гаранции, договор или на друго правно средство или дали клиентот бил информиран за можноста од таква штета.
Презентацијата на производите на сајтот на www.omnibaby.mk представува понуда за купување на производите.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ максимално се труди сите артикли на овој сајт да бидат прикажани со исправни имиња, спецификации, фотографии и цени. Сепак, не можеме да гарантираме дека сите наведени информации и фотографии на артикли на овој сајт се во потполност исправни. Производите поседуваат својства потребни за редовна употреба во согласност со нивната намена и декларација.
Со потврда на нарачката Вие сте склучиле договор со ОМНИ ГРУП ДООЕЛ за купување на одредени производи и сте се обврзале дека истите ќе ги платите на начинот кој сте го одбрале при креирањето на нарачката.
Со склучување на овој договорен однос ги остварувате сите потрошувачки права предвидени со Законот за заштита на потрошувачите која вклучува право на вонсудско решавање на евентуален спор во врска со договорот за купување на производи.
Цените на артиклите се означени кај секој артикл, а можете да ги видите во текот на креирањето на нарачката, како и на крајот кога имате преглед на сите нарачани артикли, количина и цена.
Цената на доставата е во зависност од вкупниот износ на нарачката. Вкупниот износ на нарачката е наведена е во модулот за наплата, и со креирање на нарачката давате согласност за плаќање на трошоците за испорака доколку истите се наведени. За нарачки во износ до 3000 денари цената за испорака е 120 денари. За нарачки во износ над 3000 денари испораката не се наплаќа.
ОМНИ ГРУП ДООЕЛ го задржува правото на промена на цените без предходна најава. Проверка и ажурирање на состојбата на залиха се врши повеќе пати во текот на денот. Се трудиме да бидеме што попрецизни во описот на сите производи, но не гарантираме дека сите описи се комплетни и без грешки. ОМНИ ГРУП ДООЕЛ има право да ја откаже нарачката со испраќање на email известување на потрошувачот доколку дошло до грешка со поставувањето на цените на сајтот.