Креветче за бебе, транформер 8во1, модел STANDARD со два душеци струтофибер/кокос - кружен и овален, боја слонова коска
Состав и опис на прoизводите:
Креветчето е изработено од чисто буково дрво. Кружните рамки се составуваат од 4 дела. Душекот може да се постави на 3 висински позиции (19см од под, 37см од под, 57,5см од под). Подлогата за душек има дупки за вентилација. Тркалата се гумирани и безшумни. Бојата која се користи за боење на дрвото е хипоалергена, на водена основа, полусјајна, нетоксична и безбедна за бебиња.
Надворешни димензии на составен кревет:
• Круг 78х78х85см, (90см висина со тркалца)
• Маса за повивање 73х53х85см
• Овал 78х130х85см, (90см висина со тркалца)