Креветче за бебе, транформер 8во1, модел PREMIUM со два душеци - елипса и овален, боја бела
Состав и опис на прoизводите:
Креветчето е изработено од чисто буково дрво. Изработката е по најсовремена технологија, кружните рамки на креветчето се произведени со специјална техника на виткање и лепење. Современата технологија овозможува поголема цврстина на рамката на креветчето како и придонесува за ултра модерниот дизајн на креветчето. Компактната димензија на елипсата дозволува креветчето да помине низ секоја стандардна врата со цел креветчето да биде мобилно и да се пренесува од соба во соба во зависност од потребата. Кружните рамки се составуваат од 2 дела. Душекот може да се постави на 3 висински позиции (17,5см од под, 36,5см од под, 55,5см од под). Подлогата за душек има дупки за вентилација. Бојата која се користи за боење на дрвото е хипоалергена, на водена основа, полусјајна, нетоксична и безбедна за бебиња.
Надворешни димензии на составен кревет:
• Елипса 80х70х86см, (92см висина со тркалца)
• Маса за повивање 64х48х86см
• Овал 70х128х86см, (92см висина со тркалца)
Состав на душеци:
Душеците се без федери, анатомски, хипоалергенски и антибактериски. Полнилото е 10 см полиуретанска пена, 5см С-25 и 5см С-30. Благодарејќи на двата слоја, може самостојно да се регулира тврдината на душеците во зависност од потребите на детето. Навлаката е изработена од вискоза и полиестер со патент.
Димензии на спално место и душеци:
• Елипса 73х63см
• Овал 63х119см
• Висината на душеците е приближно 10см
Пакетот вклучува:
• Креветче модел PREMIUM со можност за 8 трансформации
• Два душеци: Елипса 73х63см и Овал 63х119см
• Две полици во масата за повивање, која подоцна едната се користи за дополнување на спално место за трансформација во овал
Вклучувајќи ги сите транформации, со купување на креветче добивате производ кои се користи од 0 до 4-5 години и 20 килограми.
* Целата продукција е сертифицирана по највисоки стандарди.
* Монтажата се врши самостојно, по упатство.