Креветче за бебе транформер 6во1 модел SMART со два душеци струтофибер/кокос/латекс - мала трансформација и голема трансформација, боја бела во комбинација со природно буково дрво.
Состав и опис на прoизводите:
Креветчето е изработено од чисто буково дрво. Изработката е по најсовремена технологија, рамките на креветчето се произведени со специјална техника на виткање и лепење. Современата технологија овозможува поголема цврстина на рамката на креветчето како и придонесува за ултра модерниот дизајн на креветчето. Компактната димензија на креветчето дозволува да помине низ секоја стандардна врата со цел креветчето да биде мобилно и да се пренесува од соба во соба во зависност од потребата. Душекот може да се постави на 3 висински позиции. Тркалата се гумирани и безшумни. Бојата која се користи за боење на дрвото е хипоалергена, на водена основа, полусјајна, нетоксична и безбедна за бебиња.
Надворешни димензии на составен кревет:
• Мала трансформација 106х78х84см (86,5см висина со тркалца)
• Голема трансформација 146х78х84см
Состав на душеци:
Душеците се без федери и анатомски. Полнилото за малиот душек е 1см влакна од кокосова кора 8 см струтофибер и 1см од латекс. Полнилото за големиот душек е 3см влакна од кокосова кора, 8см струтофибер и 1см од латекс. Благодарејќи на трите слоја, може самостојно да се регулира тврдината на душеците во зависност од потребите на детето. Футролата за душек е изработена од поставен штепован жакард.
Димензии на спално место и душеци:
• Мала трансформација 100х70см,
• Голема трансформација 140х70см
• Висината на душеците е: мала трансформација 10см, голема трансформација 12см
Пакетот вклучува:
• Креветче модел SMART со можност за 6 трансформации
• Два душеци: мала трансформација 10см, голема трансформација 12см
Вклучувајќи ги сите транформации, со купување на креветче добивате производ кои се користи од 0 до 7 години.
* Целата продукција е сертифицирана по највисоки стандарди.
* Монтажата се врши самостојно, по упатство.